ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Нова РеEволуција

     1.Пролог

Од поодамна сакам јавно да го поставам прашањето:

Дали ни е потребна нова револуција?

По подолго размислување можам веднаш да одговорам:

ДА!

За да не бидам погрешно разбран од разно-разни злонамерници или премногу идеализирачки сватен од претерани добронамерници ке си ја дозволам доблеста да елаборирам:

На човекот секојдневно му е потребна РЕВОЛУЦИЈА!

Теrминот кој го користам на овој мој личен блог Ре-еволуција (анг: -R.E.E.V.O.L.U.C.I.J.A.) е само поентата за дообјаснување на оваа моја високо поставена теза на дискусија во почеток на овој текст.

Ре-еволуција! Да! Токму така.

     2.Вовед

Реeволуција во форма на ревидирана еволуција на се што може да се свати како гест на човечко постоење на човечката самобитност во целокупниот негов битов капацитет.
Буквално во сите пори на субјективно но и објективно т.е. општествено живеење на единката која мора секојдневно да прави компромис помеѓу овие две состојби на реалност во неговото секојдневие.
Кога говорам за РEЕВОЛУЦИЈА, не сакам тоа да биде ограничено во рамки на одреден временски интервал или определен географски простор, или недај Боже во рамки на некоја држава или национален етникум.
Оттука дискусијата за потребата на постоење на РEЕВОЛУЦИЈА-та како трансгресионална форма на делување (читај живеење) ке ја разграничам на две паралелни гранки, преку кои ке се обидам да ги пренесам сопствените ставови за видот, начинот, сретствата, ресурсите, целите, просторот, обликот и пред се симболиката на ваквиот начин на размислување.

2.1. Генерални карактеристики на поимот РЕВОЛУЦИЈА

  • Основен предуслов како апотеза вградена во коренот на терминот РЕEВОЛУЦИЈА во прв ред се подразбира овозможување на поблагопријатна средина (физичко-материјална и општерствено-социјална) за човекот како индивидуа но и воопшто за човештвото како сублимат на сите можни сепаративни моменти и структурирања.
  • Гранковитост во начинот на поимање на самиот термин до релевантни нивоа на познание без да се загуби карактерот на очигледен генезис за формирање на карактеристична гранка за формилирање
  • Универзалност како можност за примена на моделот за РЕЕВОЛУЦИЈА на различни нивоа, формирани по сите можни критериуми за дефинирање на одредена групација на единки
  • Безвременост како можност за непостоење на било каква временска рамка на општествен развој и строго формулирајки го времето како статична непроменлива константа.
  • Пацифистички контекст околу кој во поимот на вака структурираната РЕЕВОЛУЦИЈА ке се обезбеди широк поглед на унапредување на нештата кои не обединуваат како супер ордината-аргумент над се она што може да внесе основа за поделба и сегрегираност на штета на основниот предуслов, аргумент-карактеристика на самата РЕЕВОЛУЦИЈА.


Целокупниот текст е во фаза на ре-евидирање и истиот ке биде објавен наскоро...
Трпението е карактеристика на резултатски ориентираните работници...


No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот