ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, February 4, 2017

По повод 145 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

-Идеалите на Гоце Делчев, чувството и борбата за слобода на неговите современици но и следбеници се доволна потврда за самобитноста и посебноста на нашиот народ во еден историски континуитет кој во денешно време некои странски сили сакаат да ни го избришаат. Сакаат да ни го одземат името, да ја обезличат државата.
Ваквата борба за слобода чиј што предводник беше Гоце Делчев, и денеска продолжува, во современи услови да се води, по демократски пат, со моќта на вистината и говорот на фактите.
Затоа денеска на овој светол јубилеј можам да порачам да престанат сите поделби!
Сите заедно да се свртиме кон општото добро и борба за создавање на вредности од корист за сите македонски граѓани. Да престанат делбите, зошто не сме многу како народ! Секој да си го побара и добие своето место во морето на идеи, полињата на трудољубивост и планините на гордост и почит. Богатството на идеи и различни размислувања се наша главна одлика. Сите заеднички да и дадеме смисла на таа наша разноликост во функција на заедничкиот опстанок и постоење.
Нека е за многу години јубилејот од денот кога се роди Гоце Делчев.
Ова име е причина за нашата сегашност но и горд предвесник на борбата која не очекува со секој нов ден почнувајќи од секој нов момент во иднина..

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот