ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Saturday, November 1, 2014

Целодневен напад на сетилата во подножјето на "делчевчанка" денес


Иако насловот на оваа статија звучи сензационалистички (како и впрочем голем дел од насловите по денешните портали), сепак истиот ја отсликува вистинската слика за атмосферата  денес која го опкружува кафе барот "Валиум" во Делчево.
Запирање на семафорите во Делчево не е препорачливо после 21 часот (и така на нив свети само жолт трепкач), а минувањето на главната раскрсница треба да биде направено особено внимателно, согласно сите сообраќајни правила.
И ако "случајно" погледот на возачите заврши во подножјето на планината-близнак наречен "делчевчанка", тогаш имајте предвид дека се уште сте дел од овој свет и оваа планета, која оваа вечер ќе еруптира токму од местото наречено по фармацевтскиот препарат против главоболки, забоболки и било какви други болки.
Цел ден денес во оваа "друмска кафана" е посветен на бендот ВЕРК.А, чии што корени се од дното на реката Брегалница во скутот на Голак планината, со се сите планинари, џагисти, дрвосечачи, гатерџии и трионџии (оние со помала ватажа на моторите).
Од утринава на терасата пред Валиум е истакнато црно (пиратско) знаме, за кое познавајќи ги луѓето што "денгубат" таму би требало да значи NO SURrENDER.

На знамето јасно и гласно пишува ВЕРК.А.

Brutalniot napad na setilata e so pocetok vo 21.00 casot.
Ponesete rezervni setila.
Tolku od najavata...
Sho znam.... Dosta e....

Латиницата е намерно ставена за сите оние што не знаат да читаат кирилица (и уште повеќе за оние што не разбираат кирилица)

Фотографиите се позајмени од  Ацо Крало од неговиот профил на "книжнотолице".
Искрено благодарам друже не само за убавите фотки туку и за позитивната инспирација за да го напишам овој текст.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот