ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Tuesday, December 18, 2012

"Триумф" на комуњарите

За да нема забуни уште на почеток ке дефинирам според мене што подразбирам под поимот "комуњар".
Да бидеме на чисто:
Комуњар не е исто што и комунист. Комуњар е човек кој е со светлосни години е далеку од било какво општествено формирано битие, вклучително и политичар.
Комунизмот е тешка филозофија за комуњарите. Неостварен сон и недостигната утопија.
Според мене едноставно кажано комуњар е исто што и џган. Човек кој нема сопствен живот, нема сопствен карактер, цело време гледа што другите прават и како другите живеат. Неуспешно копирајки постапки на другите, немајки никаква идеја и визија за сопствено отелотворување во вид на индивидуа, во средината во која се затекнал. Истовремено комуњарот дозволува да биде поистоветен со највулгарните карактеристики на најзаостанатата племенска заедница што постои на планетата земја, според сите здраворазумски норми во модерниот свет. Нека ми простат припадниците на најзаостанатата племенска заедница што постои  на лицето на земјата, што правам една ваква паралела.
Комуњарите се примитивци за кои за жал морам да констатирам дека се уште постојат во нашето сосетство и опкружување. 
Тоа се глувци-глодари од највалкан тип, што на интернет мрежата гледаат како на канализација, дремејки воајерски пред туѓи профили на фејсбук по цела вечер, и лакомо, подло и со крајни задни намери, крадат туѓи лични фотографии и истите користејки ги во задоволување на нивното празно его за некаква сопствена  т.н. политичка афирмација. Сепак морам да признам дека никако не можам да ја сватам ваквата комуњарска филозофија и методи за нивна себе-афирмација прво пред нивните семејства и пријатели а после помеѓу сите други. 
Можам да разберам дека еден човек не го бива за одредени работи во животот. Дека не може да постигне сопствена афирмација на одредени полиња во животот, што и не е толку трагично, зошто со време и труд веројатно секој може да постигне одредена зацртана цел во неговиот животен век.
Комуњарите пак од друга страна намаат цел. 
Оговарањето зад грб на соседот, сограѓанинот, комшијата, познаникот, не може да биде цел. Забивањето на нож во грб на луѓето околу ваквиот стереотип на комуњар од самиот комуњар води до морален пад како на комуњарите како единки, но и целата заедница чиј дел се таквите ситни души. Пополнувањето на времето на  нечии безперспективни и несодржајни животи со настани од животот на некој друг, е живеење на лажен живот од страна на ваквите поединци,  кој води кон сенилна старост и оттуѓеност како од самите нив така и од целото нивно опкружување. И на крајот на еден таков живот фрлени на буништето од моралноста и човечноста, комуњарите беспоштедно и лакомо посакуваат барем уште малку време да проживеат гушејки се во нивната сопствена злоба и мелократија на нивниот скапан дух.
Лепењето на малограѓански етикети без ни грам разум и реалност кон било кого е пат кон шизофренија. Болест која никому не му ја посакувам, но очигледно деновиве земала замав во одредени општествени кругови во нашиот град во лицето на политичката партија наречена СДСМ Делчево.
Злото со кое е обземен врвот на СДСМ Делчево изнесен  со неколку  постапки на врхушката на оваа опозициона партија во минатото, кулминираше токму деновиве, правејки целосни циркузанти од себеси на сите нивоа на присутност во делчевското секојдневие.
Деструктивниот набој на комуњарите е единствената нивна возможна реалност на која се ложат и палат, како еволуциски најпрости неразумни животински видови, со крајна цел на егзистенцијалност т.е. преживување во свет кој и самите не го разбираат.

Се извинувам на подолгиот вовед во овој мој текст.
Во продолжение ги објавувам материјалите кои успеав да ги симнам денес од фејсбук профилот на СДСМ Делчево достапен на сл. линк
преку кои не разбирам како, се обидува оваа политичка партија да  се наметне себеси во политиката, во Делчево, секако немајки ама баш никаква политичка платформа, програма, визија и пред се дела на луѓето кои во овој момент ја водат оваа опозициска партија.
Притоа ширејки ноторни лаги, невистини, злонамерни клевети, навреди и што ли уште не.
Слободата на говорот е секако демократска придобивка која сметам дека е врв на едно општествено организирање, воедно и в нашата држава, но содржината на искажаното и богатството на аргументи е она по што читателот може сам да се увери во капацитетот на оној кој говори.
Оставам на читателите сами да си днесат заклучоци в однос во овие бледи обиди за рушење на мојот карактерен дух и постоење.

Овие материјали по 11 часовно постоење на ѕидот на профилот на СДСМ Делчево беа симнати и во моментот не се достапни за јавноста.
Се прашувам од каде ваквата "храбра" демотивираност на администраторот на овој беден профил кој треба да обединува луѓе а наместо тоа шири лаѓи и лични навреди,  да не ја објави првичната своја објава како триумф на демократијата во оваа се повеќе и повеќе ништожничка партија (најблаго речено).

Оваа објава доживеа над 80 коментари од кои повеќето беа реални. Но имаше и други коментари кои беа лиферувани од припадниците на комуњарското племе во Делчево, со сите "негови епитети" изнесени погоре во овој текст.
Еве ги во продолжение и коментарите:



Оние луѓе кои имале во минатото било контакт со мене мислам дека можат да зборуваат за мене, од аспект на нивно мислење за мене.
Меѓутоа млади луѓе идентификувани во коментарите на приказот, кои ниту ме сретнале, нити слушнале збор од мене, да говорат со таков тон и вокабулар за мене, мислам дека во најмала рака не досозреале во животот и ке треба дополнителни ангажмани на стручни лица за упатување кон вистинските вредности во животот.
За крај морам да констатирам:
Кирчо Анастасов, се уште има долга коса, се уште слуша рок музика од било каков карактер.
Ке си признаам: U2, Pearl Jem, Nirvana, и многу многу други бендови ми се слабост.
Музиката е уметност...НО ИЗГЛЕДА ОВОЈ ФАКТ СЕУШТЕ ВО СДСМ ДЕЛЧЕВО НЕ ГО ИМААТ СВАТЕНО НЕКОИ ЛУЃЕ, КОИ ПРЕТЕНДИРААТ ДА БИДАТ НЕКАКВИ ПОЛИТИЧКИ ВОДАЧИ НА НАРОД.
Но изгледа се повеќе и повеќе стануваат само и единствено водачи на КОМУЊАРИ.
За да им го разубавам денот, неделата, месецот и целата нивна иднина, во продолжение ке објавам уште една фотографија која успеав да ја најдам во домашната архива.

За да не се мачите во вашето исполнувачко зјапање сметајки дека притоа правите незнам каков подвиг, ке ви кажам дека ова сум јас на фотографијата на микрофонот како пеам пред преполн Lady Blue (легендарен кафич во Скопје) во 2000 година. Така е-убаво гледате: бев дел од рок бенд од Делчево кој има направено многу повеќе концерти отколку митинзи што имаат направено некои ситни политичарчиња во таканаречената "ИСПРДСМ" од Делчево.
И така....
Отидов да "Зјапам во сонцето" заедно со Боно и неповторливите U2.
Има и текст за тие што "знаат" да читаат.
Blogger Widgets